Насловна / Арт и дизајн / Идентитетот на Бенкси би можел да биде откриен поради судски процес

Идентитетот на Бенкси би можел да биде откриен поради судски процес

Поради тужба за клевета поднесена против Бенкси, идентитетот на уличниот уметник би можел да биде разоткриен. Британскиот уметник со години успешно се крие и со тоа дополнително ја заинтригира светската јавност.

b5

Иако постојат бројни теории за идентитетот на енигматичниот уметник кој создава неверојатни графити и наводно сме го слушнале неговиот „вистински глас“, цврст доказ за тоа кој е Бенкси досега не беше достапен.

Бидејќи идентитетот на Бенкси е мистерија, некои би можеле да бидат жртви на измама и да помислат дека одредени уметнички дела се негови кога тоа не се.

b1

Бенкси и порано се појавуваше на видео снимки, но од очигледни причини, никогаш на начин што потоа би можел да биде препознаен.

Меѓутоа, сега за време на судскиот спор, идентитетот на Бенкси би можел да му биде откриен на светот. Богатиот претприемач Ендрју Галагер поради клевета поднесе тужба против компанијата на Бенкси Pest Control Ltd, која е основана да управува со продажбата на делата на овој мистериозен уметник.

b3

Галагер исто така го тужи и 49-годишниот Робин Ганингем, за кој често се шпекулира дека е Бенкси.

Адвокатот на Галагер, Алан Вуд, изјави дека деталите за случајот ќе останат „доверливи“, барем „додека Бенкси или Pest Control Ltd не поднесат потврда за услугата“.

Ако се стигне до судница, тогаш Галагер би можел да побара Бенкси да се појави на суд, што значи дека лицето кое стои зад уметничките дела, за потребите на постапката, ќе мора да се појави и да се идентификува.

b4

 

Испрати коментар

Scroll To Top