Google планира новата канцеларија во Лондон да биде отворена во 2016 година. Во рамките на овој нов структурален проект се планира да бидат сместени меѓу останатите единици, и отворен базен, затворен фудбалски терен, „карпа“ за качување, соблекувалници и тушеви, како и градина на самиот кров, каде вработените ќе можат да се релаксираат на отворено и свеж воздух.
Според архитектите од лондонското студио AHMM – Allford Hall Monaghan Morris, идејата за проектот е дека вработените не се само работници, туку и жители на објектот. Се планира во новата канцеларија да функционираат 4500 вработени, што е два пати повеќе во однос на сегашниот број на вработени, што компанијата го има во Лондон. Додека се одвиваат градежните и останатите работи, постоечкото седиште на Google во Лондон ќе биде разместено на две различни локации во градот.