Архитектот Armin Senoner проектира неверојатна идеја за нов хотел во Алпите. Идејата е хотелот да се гради на 2.000 метри надморска височина, и тој би бил поделен на три секции во зависност од класата на хотелските услуги (соби со економска, бизнис и делукс класа).
Како што може да се предвиди, најгорните катови би биле определени за луксузни соби, додека пониските се за поевтините.
Планот, исто така, предвидува трговски центар, театар, музичка сала, кино сала и фитнес центар.
Стандард класа на соба
Хотелот, исто така, вклучува горна тераса која ќе им овозможи на гостите импресивен поглед на планините.
Бизнис класа
Де лукс класа
Временските услови во Алпите често може да бидат варијабилни и тешки особено во зима, но објектот е дизајниран да функционира и зиме и лете.