Насловна / Вести / Идеја која спасува животи: Пешачки премин со ЛЕД осветлување

Идеја која спасува животи: Пешачки премин со ЛЕД осветлување

Како пешаците да бидат повидливи? Французите имаат добра идеја и ги тестираат своите системи од 2017 година. Сега е донесена и официјална уредба која овозможува хоризонтална сигнализација со ЛЕД осветлување на патиштата или тротоарите. Како сето тоа функционира? Преку вообичаените ознаки на асфалтот, како што се обележените пешачки премини, се додава динамичка светлосна сигнализација. Тоа се плочки со дебелина од 6 mm, кои се состојат од неколку слоеви, вклучувајќи и ЛЕД ленти.

roadmarks1

 

Овие објекти се проектирани да го издржат притисокот од минувањето на многу возила, површината не им е лизгава, па не им пречат нa пешаците додека одат преку нив. Може трајно да се вградат во коловозот или едноставно да се залепат на асфалтот. Се разбира идејата е пешаците да бидат повидливи ноќе или во лоши временски услови. Целиот систем е креиран од страна на компанијата Colas. Благодарение на повратните информации собрани во текот на тестирањето, Colas постојано го подобрува својот систем. Хоризонталната сообраќајна сигнализација со осветлување се активира кога пешаците се во негова близина, и на тој начин ги предупредува возачите.

roadmarks2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top