Дочекајте ги празниците спремни и разубавете ја празничната атмосфера во вашиот дом.
Велигденските украси се многу повеќе од корпа со свежо вапцани јајца…
Кога станува збор за идеите за велигденско украсување, нема погрешен пристап. Празникот можете да го прославите преку цвеќиња, приказ на вашите омилени пецива и колачи, но и забавни идеи – направи сам, кои го подигнуваат расположението. И секако – со додавање бои, по можност пролетни.
ЗАПОЧНЕТЕ ТАКА ШТО ЌЕ ГО ИСПОЛНИТЕ ВАШИОТ ДОМ СО ЦВЕЌЕ
Бидејќи Велигден е пролетен празник, искористете го сиот шарм на ова годишно време за да ја направите вашата велигденска декорација весела и освежителна. За свеж и природен пристап кон идеите за велигденски декор, посветете се на опуштени цветни аранжмани.
Одлучете се за цвеќиња и зеленило како што се нарциси, лалиња, трева и стебленца од папрат и ставете ги во вазни, шишиња и тегли со различни форми и големини. Ставете ги покрај масата за пријатен неделен ручек или едноставно расфрлајте ги низ вашиот дом за добредојден мирис и боја на секој чекор.
Ако постои прилика која навистина ви овозможува да ја покажете вашата креативност за поставување трпеза, тоа е велигденскиот ручек. Започнете со палета на бои што ја навестува сезоната и со свежо цвеќе. Посветете внимание на деталите, текстурите и слоевите. Секако, кога станува збор за Велигден, акцентот е ставен на среќна и весела тема.
Централни мотиви на секоја велигденска трпеза околу која е собрано целото семејство секако се се велигденските јајца, но и зајачиња, пилиња, корпи за јајца, венци со цвеќиња. Декорацијата за Велигден ќе биде особено впечатлива доколку ја обоите со интензивни или пастелни бои и ја украсите со шарени гнезда. Додадете и нота на елеганција во која секој ќе ужива, користејќи стаклени вазни, украсни свеќи, плетени корпи.
Не можеме да го игнорираме еден од омилените симболи на Велигден – велигденското зајаче. Може да биде на вашата маса во форма на која било фигура, без разлика дали се направени за да држат цвеќе, свеќи или велигденски јајца или се од чоколадо што ќе послужи како совршен десерт по празничниот ручек.
Доколку сте доволно спретни, направете декорација во форма на зајаче, како на пример салфетки спакувани на тој начин или симпатични украси за столиците во вид на зајачка опашка.
Велигден е за украсување и вапцање јајца, но што со картонските кутии кои остануваат од јајцата? И нив можете да ги искористите за украсување на велигденската трпеза така што ќе ги офарбате, но и не мора, а потоа ќе ги направите во мини вазни или држачи за велигденски јајца кои дополнително можете да ги украсите со цвеќиња, трева, гранчиња и слични природни украси.
СТАКЛНИ ВАЗНИ СО РАЗЛИЧНА БОЈА ЈАЈЦА
Ова е една од најелегантните идеи за празнично уредување на дневната соба. Алтернативно, идејата може да се користи и во други простории – на пример, во ходникот, трпезаријата или на работната плоча во кујната.
Сè што ви треба се шарени велигденски јајца за да ги наредите во убава стаклена или кристална вазна и да ги изложите на масичката заедно со вкусни јадења како велигденски чоколадни зајачиња или вашата омилена овошна торта. Убаво, едноставно и секако впечатливо за уредување на домот за време на празничната сезона.
МИНИМАЛИЗАМ
Иако е нешто што често се избегнува во велигденското лудило, минимализмот секогаш е добредојден, современ и може да се примени. Името кажува се – на масата само основните работи, садовите и чаршафот за маса во една боја, а во другата само неколку украси, како зајачиња или јајца кои ќе пружат топла атмосфера.