Струмица – Советот на општина Струмица донесе одлука за утврдување на четири приоритетни локални патни правци кои ќе бидат изградени или реконструирани со средства од фондовите на Европската банка за обнова и развој.
Со оваа приоритетна листа е опфатена изградбата на локалните патишта од Муртино до Свидовица, од Водоча до браната на истоимената вештачка акумулација и од селото Триводи до приклучокот со регионалниот пат Струмица – Валандово, како и реконструкција на асфалтната траса на правецот од населеното место Сачево до клучката со меѓународниот пат кон Бугарија. (МИА)