Многу често се случува имотот да се наоѓа покрај некоја прометна улица или пешачка зона, заради што бараме решение како да се оградиме за да ја зачуваме приватноста во дворот.
За таа цел, како најдобро решение е подигнување на жива ограда, која без разлика на тоа колку високи садници би засадиле, ке биде потребно да помине одреден период за таа да стане компактна. За оние што од разни причини не можат да подигнат зелена ограда, постојат голем број дрвени огради во најразлични дезени кои можат во целост да ја одиграат улогата на заштита од љубопитните погледи.
Овие огради може да се користат помеѓу два имоти или тесни премини за да не се ограничи просторот.
Од естетска гледна точка, овие огради се многу практични, но се случува доколку се поставени по должина на целиот имот, во зависност од нивниот дизајн, ако се премногу едноставни, да изгледаат монотоно.
Затоа, препорака е, во делот пред оградите, дворот секогаш да биде хортикултурно уреден. Најдобар ефект се постигнува со формирање на леи во кои би се насадиле најразлично цвеќе и декоративни грмушки кои не би достигнувале висина од 2/3 од височината на дрвената ограда по нејзината должина, додека на краевите и аглите од оградата може да се насадат и поголеми дрвја.
Секогаш треба да се внимава и при изборот на растенијата во однос на нивната потреба за условите на месторастење, затоа што најчесто во услови покрај дрвени тараби поголемиот дел од денот ќе бидат во засена.
За професионално уредување на вашата градина, секогаш е подготвен тимот на Биро Проект.