Насловна / Вести / Идеи и трендови за дизајн на канцеларии

Идеи и трендови за дизајн на канцеларии

Современите компании знаат дека, со оглед на тоа што вработените не мора да доаѓаат на работните места за да ја завршат својата работа, корпоративните канцеларии сега треба да бидат повеќе од место за сместување на вработените. Канцелариите треба да бидат одлични места за работа.

Дизајнерите на ентериер, како и дизајнерите за производство на канцелариски мебел, се покажаа како навистина креативни во нивните решенија за дизајн. Без разлика дали дизајнерите помагаат подобро да функционира работниот простор на стартап компанија или планираат цела деловна зграда за голема компанија, има неколку идеи и трендови за канцелариски дизајн кои функционираат во голем број проекти за внатрешен дизајн.

kancelarii

ПСИХОЛОГИЈА НА БОЈАТА

Употребата на психологијата и дизајнот на бои заедно, е многу популарен тренд во современиот канцелариски дизајн. Докажано е дека боите имаат одредени ефекти врз луѓето.

kancelarii2

Портокаловата боја прави луѓето да се чувствуваат поенергични, бидејќи потсетува на работи како сонце и зрели портокали. Зелените, жолтите и сините бои се најчесто застапени во модерниот дизајн на современите канцеларии!

kancelarii1

ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ПРОСТОРИ

kancelarii3

Дизајнот на канцеларијата кој служи за повеќе намени помага добро да се заврши работата. Повеќенаменскиот простор е ефикасен и е во чекор со брзото темпо на живот и барањата на денешницата.

Една област може да послужи како простор за двајца соработници кои удобно може да работат заедно, или како место за ментална пауза и одржување на мал и неформален состанок на одделот, само со поставување на неколку седишта или каучи околу масата, со одредено чувство на приватност.

kancelarii4

Исто така, во дизајнот на ентериер на мали канцеларии, секој квадратен метар е важен. Областите што можат да послужат како простор за состаноци,  па дури и како место за одмор за време на ручекот, на помалите канцеларии им овозможуваат луксузно чувство.

kancelarii5

МОДЕРНИ ИНТЕГРАЦИИ НА МЕБЕЛОТ

Мебелот што одговара на секојдневниот живот го олеснува работењето. Масите и работните области успешно и беспрекорно ја интегрираат технологијата. Ако не можете да најдете штекер во близина на вашиот работен простор, прибегнувате кон истегнување на жиците. Компаниите за мебел специјализирани за модерен канцелариски дизајн, додаваат штекери во масите и ги насочуваат каблите на безбеден и дискретен начин за вработените да можат да се држат до наоѓање решенија за нивните работни задачи, а не за батеријата на компјутерот.

kancelarii6

ПРИРОДНИ ЕЛЕМЕНТИ

Биофилниот дизајн е дисциплина која се фокусира на инкорпорирање на природни елементи во изградената средина и тоа со добра причина. Дизајнерите не можат да реплицираат природна сончева светлина во ентериерите. Сепак, тие можат да го декорираат ентериерот со растенија. Се покажа дека растенијата ја зголемуваат продуктивноста и го прават работното место попривлечно, а со тоа привлекуваат повеќе вработени во компанијата. Растенијата, покрај тоа што го намалуваат стресот, помагаат и во прочистување на внатрешниот воздух.

kancelarii7

ПОГЛЕД КОН ПРОЗОРЕЦОТ ЗА СЕКОГО

Да се има пристап до канцеларија со прозорец порано беше луксуз што го добиваа само неколку. Сите останати мораа да подлегнат на мрачните вештачки светла и да бидат затворени цел ден. Проѕирните ѕидови што ги опфаќаат централните простории овозможуваат светлина во нивниот работен простор. Денес, работниците се секојдневно изложени на светлина и поглед на отворено. Тоа е многу неопходно за здрави и ангажирани вработени.

kancelarii10

ПОТТИКНУВАЊЕ НА АКТИВНОСТ

Денес, современите компании го подигнуваат работењето на повисоко ниво со тоа што го прават вежбањето лесно достапно за нивните вработени. Вработените повеќе не мора да плаќаат членство во теретана. Тие дури и не мора да се грижат кога навистина ќе имаат време за вежбање. Наместо тоа, тие можат да ја користат салата на лице место пред, после или за време на работата.

kancelarii8

Друг модерен тренд во дизајнот на канцелариите кој исто така е задоволувачки, е стоечкото биро. Вработените можат да одлучат да стојат на работа или да го прилагодат бирото за да можат да седат. Тоа им помага да се движат наоколу и да останат активни во текот на денот.

kancelarii9

Автор: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top