ДИС- интернационал
од Скопје
заедно со својот
долгогодишен партнер М-ПРОФИЛ
од Загреб, организираа презентација
на дел од производствената
програма на М-ПРОИНТЕКС
од Младеновац ( Србија).
Анита Андреевска Митровска,
маркетинг менаџер на ДИС, во
оваа пригода ја претстави својата
компанија која нуди едношалтерски
систем кој овозможува на едно место
да се добијат услуги за проектирање,
подготвителни работи, изведба на
градежни работи, производство на
челични конструкции и монтажа.
М-ПРОФИЛ од Хрватска, пак, ја
презентираше програмата што се
произведува во неколку држави.
Тие се занимаваат со проектирање,
производство и монтажа на челични
конструкции; производство и пласман
на контејнери за најразлична намена;
производство и продажба на лимови
и сендвич панели со различен опсег
на дебелина, геометрија и примена;
производство, монтажа и пласман
на ПВЦ и алуминиумска браварија,
профили за сува градба и арматурни
мрежи; производство и пласман
на производи од неткаен текстил.
Душан Коруновски од М-ПРОИНТЕКС
од Младеновац – Србија, претстави
дел од производствената програма
на компанијата што се занимава
со производство на геотекстили.
Фирмата има производствени
погони во три држави и годишниот
профит за минатата година изнесувал
80 милиони евра. Коруновски
зборуваше за хидроизолациониот
материјал Bentotex. Ова е
единствена фирма која нуди ваков
производ, додека на европскиот
пазар се наоѓа веќе дваесет
години.
Годишното производство е 12 милиони метри квадратни материјал. Карактеристиките на овој материјал ги објасни Иван Кулунџиќ раководител на продажба во М-ПРОИНТЕКС. Тој кажа дека се работи за изолационен материјал кој служи за заштита на армираните бетонски конструкции, хоризонтални или вертикални, со основна улога да го спречи пробивот на повремени или постојани води. Презентација за практичната примена и техника на вградување на Bentotex имаше Зоран Мишиќ. Тој објасни дека материјалот се состои од три основни елементи: природен натриум бентонит како изолационен материјал, робусна облога од геотекстил која го содржи бентонитот, ПП ткаен геотекстил кој е носител на наносот.
Самоисцелувачки материјал од глина Натриум бентонитот е природен материјал, еден вид глина со вулканско потекло, која има способност да набабри во присуство на вода. Во сува состојба Bentotex има дебелина од 9 мм, а кога ќе се навлажни дебелината се зголемува за 5-6 мм после неколку дена слободно набабрување (ако не се изложи на преголемо надворешно оптоварување). Ако производот остане вака намокрен, оваа вредност нема да се зголеми со тек на времето. Поради милионите влакнести прегради од кои се состои бентонитниот гел, после доаѓањето во допир со вода останува во композитна состојба.
Пред да се постави Bentotex, претходно треба да се направи подготовка на подлогата: добро да се израмни, да се отстрани вишокот вода за да се избегне пливањето на Bentotex-от, на бетонските површини да се санираат шуплините или испакнувањата што се со дијаметар поголем од 20мм, сите пробиви низ бетонот мораат да се исполнат со бентонитен прав. При хоризонтално поставување, ролните едноставно се одмотуваат врз подготвената подлога, и се преклопуваат во ширина од 15-29 см. При вертикално поставување, кога има бетонирани ѕидови покрај дијафрагма или постојни објекти, Bentotex се прицврстува на веќе претходно подготвен ѕид, со ширина на преклопот до 15 см. Потребно е да се користат прицврстувачи на секои 30 см. При поставување арматура и еднострана оплата, се бетонира нов ѕид. За поставување покрај оплата, Bentotex се поставува на внатрешната страна на надворешната оплата да виси, или се прицврстува на некои места додека не се бетонира. На веќе бетонирани ѕидови, Bentotex се прицврстува со прицврстувачи за ѕидот со ширина на преклопот од 10 см.
Предности на Bentotex при вградување се: тој е робусен производ кој е отпорен на временски неприлики; едноставно се вградува и едноставно се ракува на самото место; во потполност се искористуваат физичките (одлично припивање) и механички својства (флексибилност) на компонентите од кои е изработен; многу голема отпорност на дупчење; геотекстилите овозможуваат врвна заштита од механички оштетувања кои можат да се случат во текот на инсталација на самото место; обично не е потребна друга заштита помеѓу армираниот бетон и оваа изолација. Тој е нестабилен на дејството на УВ зраци и потребна е брза апликација и прекривање со предвидениот градежен материјал. Поради својата поголема тежина, односно 1500-2000 грами на метар квадратен, се произведува и се испорачува во ролни во три стандардни големини (1м x 2м, 2м x 20м, 4м x 20м). Иако се препорачува Bentotex да се вградува во сува состојба, тој во многу примери од пракса се користел откако бил натопен со вода пред да дојде во контакт со површината на која се нанесува.
Материјалот е самоисцелувачки, ако со игла издупчите конструкција од овој материјал и ставите вода, таа ќе се претвори во гел и ќе се применува при изолација на подни плочи од армиран бетон, изолација на потпорни столбови, при изградба на вертикални ѕидови со оплата, покривање и затворање на контаминирани ѕидови, обложување на дно на депонии, канали и корита, при изградба на подземни гаражи, подрумски простори, базени за пливање и сл. При складирање на хидроизолациониот материјал потребно е да се обезбеди заштита од временски влијанија. Местото да биде темно и суво. Bentotex континуирано се подложува на контрола на квалитет во сопствената и во независни лабаратории со што се овозможува континуиран квалитет на производот.