Овој стан се наоѓа во централното градско подрачје во Истанбул, и токму поради дефицитот на станбен простор и неговата висока цена, тој се простира на само 28 м2. И покрај малата површина, благодарение на неговиот внатрешен дизајн, овој стан изгледа многу поголем и простран поради неговата едноставност и компактност.
Овој стан главно користи бела боја во неговата материјализација како и дрвена текстура, но како највпечатливи елементи кај него се појавуваат интересниот тепих со геометриски форми во разни пастелни бои и разиграното висечко осветлување во вид на скапоцени камења.
Платформата на која е поставен каучот, кој се преобразува во спална во текот на ноќта, прима во себе голем простор за складирање на гардероба и меки предмети од домаќинството.
Интересно за овој стан, што мора да се напомене, е тоа што балконот е затворен со стакло и истиот простор наместо балкон се користи како работна соба на станарите. Исто така, ова е едно одлично решение кога просторот е во дефицит, а потребите се евидентни.