Насловна / Форум / Прво да си го исчистиме домот и прагот!

Прво да си го исчистиме домот и прагот!

Трајко Димитров, дипл.инж.арх.

 

Бројни беа поединечните искажувања на архитектите на Македонија, вклучени во семејството на ААМ или вон неа, во јавните медиуми, гласила и сл. поврзани со проектот "Скопје-2014". Посебна специфична тежина би морале да имаат ставовите на ААМ, заземени на Вонредното собрание на Асоцијацијата одржана на 10 март 2010 година, посветена само на ова прашање. Помеѓу бројните набројувања во потрага по виновниците од нашите редови, што на време не ја прочитале крајната намера и цел, и на време не ја "фатиле" вистинската страна, во понудениот воведен текст поделен на редовното изборно собрание на ААМ одржано на 18 февруари годинава, во набројувањето на девијантното однесување на поединци, кои довеле до ваквата "затечена" состојба на архитектурата (и архитектите), се препознав себ

 

е си во групниот портрет за дил "на ситно".


На Вонредното собрание на ААМ, бев директно прозван од две "непроверени биографии", кажано во дневен жаргон, за мојот ”придонес" што ја довел струката во ваква подредена и недостојна положба.

Во прилог го испраќам Записникот од работата на комисијата за избор на идејно архитектонско урбанистичко решение за објектот "Градска Куќа" во Скопје и мојот кус извештај, кој сум го доставил до УО на ААМ, на барање на претседателот на УО на ААМ.

Ценам дека ја соопштувам жалната вистина оти од сите досега официјално делегирани претставници на ААМ, во бројните конкурсни комисии во овој две-три годишен период ("и се разбира и од сите членови на ААМ, кои по разни основи биле членови на овие комисии") само од мене има каков-таков писмен извештај до матичната канцеларија до ААМ и Управниот одбор.

Ако сакаме да излеземе во јавниот простор професионално и етички, мораме пред сè да си ги средиме и подобриме состојбите и односите внатре во нашето семејство.

Ако сакаме со бел образ да исчекориме надвор од нашиот физички и
духовен простор, прво да си го исчистиме домот и прагот, со почитување на традицијата и мудроста.

 

faksimil1.jpgfalsimil2.jpg faksimil3.jpgfaksimil4.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top