Насловна / Дневни Вести / Првата ХЕЦ во Хрватска започна со пробна работа

Првата ХЕЦ во Хрватска започна со пробна работа

hidrocentrala-leskje.jpgЗагреб – Првата хидроцентрала изградена во Хрватска од осамостојувањето денеска започна со пробно работење. Почетокот на работата го означи хрватската премиерка Јадранка Косор. Хидроцентралата Лешќе е на реката Добра, а ќе се управува далечински од хидроцентралата Гојак која се наоѓа низводно од Лешќе.

Вредноста на хидроцентралата изнесува околу 100 милиони евра. Во
нејзината изградба изградба учествуваше конзорциум од три хрватски
компании. Предвидено е централата да произведува 98 гигават часови
електрична енергија годишно, со што ќе се ограничи увозот на струја до
2020 година. Инвестицијата ќе почне економски да се исплатува дури по 20
години.
Косор истакна дека Владата подготвила план за помош на енергетскиот
сектор, со кој е предвидено да се објават тендери за изградба, пред се,
на повеќе термоцентрали. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top