Насловна / Форум / Правиме спектакли за да побегнеме од вистинските проблеми!

Правиме спектакли за да побегнеме од вистинските проблеми!

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/angel-sitnovski-fotka.jpgАнгел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.

 

„ Во денешно време, кое што предимство му дава на знакот над она што е означено, на копијата над оригиналот, представата над стварноста, појавноста над суштината…вистинското се смета за профано, а само илузијата е света. Поточно, светото се зголемува во мера во која вистинското се повлекува, а илузијата се зголемува, така да на најголемиот степен на илузија му одговара најголемиот степен на светост.”

Фојербах, предговор кон второто издание на Есенција на Христијанството
Предолгот трае транзицијата во Македонија! Безидејноста во политиката и како понатаму да се оди се пренесува во сите пори на нашиот живот и врз сè она што не опкружува. Ме обзема летаргија од овој лет во место, но после Ајнштајновата теорија, во светот стана се релативно.


Скопје 2014! Досега не сретнав архитект кој е против градењето, треба да се гради , но како? Сите, без исклучок сме за градење и за поубаво Скопје. Но, против сум кога некој ти наметнува во кој стил да градиш? Зарем е тоа слободата на креативното изразување? И зарем некој ќе успее сето тоа што таму е замислено да го направи  за две години, или она што не е направено за 50 години сега да го изгради? Зарем со архитектонски цитати од некои минати времиња ќе градиме во 21 век? Се прашувам, дали наивноста е легитимна во архитектурата? Судбината на архитектурата е да ја пренесува желбата на епохата во просторот, без да не обзема носталгија за разни живи облици од минатото.   

Историскиот еклектизам во „Скопје 2014 “ се чини дека е културен еквивалент на неоконзервативната носталгија за добрите стари времиња.
Архитектите се визионери и треба да гледаат во иднината. Оваа  архитектура е лишена од својата визија и претставува архитектура на моќ и репрезентација, архитектура во која се мешаат архитектонските кодови. Ова навраќање во минатото, несинхронизација со денешницата, некохерентно и произволно мешање на стилови  претставува „необарокна шизофренија “ која сака да и се претстави и додвори на пошироката публика!  

                                                
Различните кодови се причина за различни метафори. Проблемот е во судирот до кој се доаѓа поради многубројните кодови, па архитектурата станува шизофренична, како во своето создавање така и во својата интерпретација – типичен пример – спомен домот на една наша позната скопјанка  изграден во центарот на Скопје?


Стилот како готика, класицизам, барок, или некој друг кој некој сака да не убеди дека е правиот, наш,  со кој го верификуваме нашиот идентитет е само губење на сопствениот стил, немање на идеи и прикажување дека тоа е исправниот пат кон правата и автохтона архитектура!


Оваа архитектура треба да се разбере како адаптација на просторот од страна на постоечките и владеачки општествено-економски структури. Со ваква архитектура секоја владеачка гарнитура во светот се обидува да ја манифестира и зацврсти својата присутност и моќ во општеството и тоа само така треба да се сфати?


Во очите на обичните луѓе кога се зборува за архитектурата, се гледа како на градба на ѕидови, на засолништа, на комфор. Но, за оние што на архитектурата не гледаат така, таа е фактор за менување на општеството и на неговиот развиток.


Но, во светот во кој работите се потполно извртени, вистинското е момент на нешто лажно. Правиме спектакли од сè нешто, бегајќи од вистинските проблеми!
Гај Деборд во својата новела „Општество на спектакл” вели: „ Донекаде претераното инсистирање на концептот на барокот во денешно време покажува на свеста дека уметничкиот класицизам повеќе не е возможен; сите проби, во последните три века, да се воспостави нормативен класицизам или неокласицизам беа само краткотрајни вештачки конструкции кои зборуваа преку официјалниот јазик на државата ( било да е тоа апсолутна монархија, било револуционерна буржоазија покриена со римски тоги).” И понатаму….„ Спектаклот е непрекинат говор на владеачкиот поредок за самиот себе, негов непрекинат монолог на самоиздигнување, автопортрет на тој поредок во фаза на неговата потполна доминација над сите аспекти на животот.”

Испрати коментар

Scroll To Top