Санкт Птересбург – Во Санкт Петерсбург во вода е спуштен основниот енергетски блок со моќност од 70 мегавати, за првата пловна атомска централа во светот – Академик Ломоносов, која треба да проработи во април 2012 година.
Во изградбата на таа енергетска постројка вложени се 16,5 милијарди рубљи (432 милиони долари). Тоа е пилот проект со кој се усовршува технологијата за изградба и подоцна може да се примени дополнително, јавуваат руски медиуми.
Енергетскиот блок на нуклеарката претставува брод со должина 14 и висина од 30 метри кој по вода може да се движе само со помош на реморкер.
Примената на пловни нуклеарки се очекува пред се за снабдување со струја на руски региони оддалечени од инфраструктура. Во план е изградба на серија пловни атомски централи, а засега се одредени шест локации во Русија каде може да бидат инсталирани. (МИА)