Насловна / Вести / ИД ја уништила Триумфалната порта во Палмира

ИД ја уништила Триумфалната порта во Палмира

5163615a

Припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД) ја уништиле Триумфалната порта, која е еден од најважните споменици во древниот сириски град Палмира, соопшти сирискиот министер за антиквитети Мамун Абделкарим.

Претходно, во истиот град џихадистите го уништиле и светилиштето посветено на богот Баал Шамин и 2.000 години стариот Храм Бел.

Палмира е под контрола на ИД од мај оваа година, кога од него беа протерани владините сили, по што џихадиситте ги минираа спомениците и историските објекти.

Градот, вклучувајќи ги и четирите гробишта надвор од градските ѕидини, се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1980 година.

Испрати коментар

Scroll To Top