Сè повеќе компании развиваат одржливи материјали со цел зачувување на нашата планета. IceStone е еден од успешните примери.
IceStone е материјал кој најмногу потсеќа на терацо, со таа разлика што тој се прави од рециклирано стакло, портланд цемент и соодветни врзивни материјали.
Поголемиот дел од стаклото доаѓа како индустриски отпад или како оштетени шишиња. Состојките се мешаат, се додаваат нетоксични пигменти кои ја одредуваат бојата на материјалот, по што смесата се излива во калап и после тоа се сече на плочи.
Овој материјал најмногу примена наоѓа во кујната за изработка на работни плочи, а производителот тврди дека IceStone е идеален и за подови бидејќи е доволно цврст и не се абе.
IceStone поради својата енергетска ефикасност доби сертификат за одржливост, а притоа ги исполнува и строгите LEED стандарди. Производител на материјалот е Brookyn Navy Yards, компанија која се грижи за екологијата. Погледнете го и видеото за овој материјал.