Насловна / Архитектура / Ice Ribbon на Populous за Зимската олимпијада Пекинг 2022 (ВИДЕО)

Ice Ribbon на Populous за Зимската олимпијада Пекинг 2022 (ВИДЕО)

Архитектонското биро со седишта низ целиот свет од САД, преку Лондон и Милано до Блискиот Исток и речиси цела Азија, Populous, има долга традиција и историја полна со наградувани проекти (преку 250) и проекти во преку 34 земји.  Бирото го претстави својот објект за престојните Зимски oлимписки игри Пекинг 2022. Станува збор за салата за брзо лизгање National Speed Skating Oval, исто така позната и како Ice Ribbon.

01_resize

Ова е единствениот нов објект направен за Зимската олимпијада Пекинг 2022. Во објектот ќе се одржуваат натпреварите: брзо лизгање, лизгање на кратки патеки, уметничко лизгање, карлинг и хокеј. Најсовремените технологии овозможуваат да се користи за различни цели истовремено.

Се очекува арената со 12.000 седишта, фасада формирана од 22 огромни, осветлени ленти да стане централна точка на игрите, кои започнуваат за два дена. Нејзината тркачка патека долга 400 метри ќе биде место за сите настани во брзо лизгање.

0_resize

Интернационалната компанија Populous – чии објекти ги вклучуваат Олимпискиот стадион во Лондон и стадионот на Tottenham Hotspur – го базираше својот дизајн на детска игра што се игра во Пекинг.

Tiric Chang, директорот на Populous Кина, се присети на играта со брзо вртење „леден врв“, која ја играл со пријателите на лизгалиштето во паркот Shichahai.

1_resize

„Традиционалната игра на мраз во стариот Пекинг вклучуваше леден врв со вртење и скокање со голема брзина, кој изгледаше дека има бесконечна енергија и можности“, вели тој за Dezeen.

„Тоа е она на што го помислив кога размислував за карактеристиките на олимпиското брзо лизгање. Ледените врвови станаа дел од дизајнерската инспирација, вбризгувајќи силна кинеска меморија во местото на одржување“.

03_resize

Ова сеќавање се разви во проект кој вклучува 22 огромни светлосни низа, кои течат околу овалната форма на стадионот за да создадат впечаток на брзо движење.

Обликот на овие ленти се заснова на уште еден од детските спомени на Chang.

„Лентите на дизајнот упатуваат на пловечките свилени врвки на уметничките дела на кои моето семејство го посвети своето време – а тоа беше проучување и зачувување на пештерите Dunhuang, значајна колекција на будистичката уметност од династијата Танг“, вели Chang.

04_resize

Лентите создаваат чаура висока 33,8 метри околу арената, проектирана да создаде повпечатливо искуство за гледачите. Лентите можат да се програмираат со динамично осветлување, кое ќе ја оживее фасадата ноќе.

Пекинг стана првиот град во историјата кој бил домаќин и на летни и на зимски олимписки игри, Ice Ribbon е изграден во постоечкиот Олимписки парк во Пекинг.

4_resize

Се наоѓа покрај Националниот стадион на Herzog & de Meuron и Националниот центар за водени спортови на PTW Architects – попознати како птичјото гнездо и водената коцка – кои ќе бидат повторно во употреба за овогодинешните игри.

Ice Ribbon има најсовремена технологија, со цел да се оптимизира учинокот и да се намали влијанието врз животната средина.

7_resize

Тоа ќе биде едно од првите места во светот што ќе има ледена површина создадена со транскритично директно ладење со јаглерод диоксид, што го прави енергетски поефикасно од традиционалното лизгалиште.

Овој систем овозможува да се постигне температурна разлика помала од 0,5 степени Целзиусови низ површината, што резултира со побрза и посилна патека.

5_resize

Јаглерод диоксид што се користи за технологијата се собира и прочистува од индустриски отпадни гасови, додека отпадната топлина создадена за време на процесот на ладење се рециклира и се користи за загревање на сталата, топла вода за правење и топење мраз и за тушеви, како и за ефикасна контрола на внатрешната температура и влажност во текот на целата година. Се проценува дека заштедува до два милиони киловат-часови електрична енергија годишно во споредба со традиционалните HFC системи.

Седиштата и акустиката исто така внимателно се проектирани, за да се обезбеди движењето и звукот на брзото лизгање да може да се видат и слушнат од секое седиште.

Populous победи на конкурсот за проект на National Speed Skating Oval во 2016 година.

6_resize

Бирото потоа го развила шематскиот проект за само 12 недели, за да овозможи изградбата да започне според планот. Тоа вклучуваше соработка помеѓу персоналот на Populous од целиот свет.

„Победничкиот проект за Ice Ribbon беше создаден во интензивна временска рамка и беше изработен преку неколку концепти и многу повторувања за да се развие концептот на вртење во неговата конечна форма“, изјави постариот директор Ендрју Џејмс.

3_resize

„Тоа стана глобален напор со нашиот тим во Пекинг, Бризбен, Индија, Лондон и Америка, базирајќи се на нашето искуство од Oval Lingotto во Торино, Италија и нашиот проект на стадионот „Фишт“ во Сочи, Русија, дом на Зимските олимписки игри 2014 година“, додава Џејмс.

Пекинг 2022 се обврза да организира игри со неутрални емисии на јаглерод, а дебито на новата технологија за ладење е меѓу многуте начини на кои се намалува јаглеродниот учинок.

Пекинг 2022 година, исто така, ќе ги напојува сите простори со обновлива енергија – уште еднаш за прв пат на Олимписките игри – и ќе користи штедливи возила и чиста енергија за сите патнички автомобили и 85 отсто од сите возила.

06_resize

Овие мерки за намалување на јаглеродот се дел од пошироките напори на Пекинг 2022 да се минимизираат потенцијалните негативни влијанија на Игрите, истовремено зголемувајќи го нивното позитивно влијание врз општествениот и економскиот развој на домаќините.

05_resize

Испрати коментар

Scroll To Top