Шпанската компанија Iberdrola добила еколошка дозвола од Владата на Португалија за изградба на ветерен парк од 274 MW, кој би бил поврзан со постоечкиот комплекс на хидроелектрани Tâmega (1.158MW), сочинувајќи го најголемиот хибриден енергетски проект во таа земја и прв кој комбинира ветер и хидроенергија. Iberdrola се надева дека ќе ги добие сите останати дозволи и ќе започне со изградба на почетокот на 2025 година. Ветерниот парк Tâmega Eólico, во близина на градот Вила Реал на северозападот на Португалија, ќе произведува енергија доволна за снабдување на околу 128.000 домаќинства.
Со комбинирањето на двете споменати технологии, значајно се намалуваат ограничувањата поради недостиг на ветер, што ќе овозможи стабилно и поефикасно производство на енергија од обновливи извори без преоптоварување на елекроенергетската инфраструктура. Сличен хибриден проект се развива и на Крит во Грција.