Насловна / Арт и дизајн / Мечката што ѕирка

Мечката што ѕирка

mecka.jpgСместена во дворот на
„Denver Convention
Center“ во Денвер
(Колорадо), сината
мечка на уметникот Лоренс
Аџент ги поминува своите
денови ѕиркајќи низ огромната
градба во лобито на Центарот.
„Гледам што мислиш“
е нејзиното име. Има
импресивни димензии: висока
12 метри, тешка 8 тона,
широка 4 метри.

Направена
е од лиен фиберглас и челик
и премачкана со син цемент.
Скулптурата е изработена во
Калифорнија, а во Денвер
била транспортирана со
четири камиони.
Самиот автор ја опишува
како интерпретација на
двојно суштество, кое во
исто време е диво животно и
детска играчка. „Моите јавни
дела се дел од поголема
целина“, вели тој. „Јас сум
уметник кој користи одбрани
медиуми и простори, кои
го ангажираат гледачот да
се преиспита во однос на
стандардните доживувања на
уметноста и да стимулира
еден свој поинаков визуелен
начин и ментален поттик кој
го поништува вербалната
артикулација“.
Според него, „Конвенциските
центри во САД се најчесто
здодевни, стерилни
корпорациски простори“.
Но, конвенцискиот центар
во Денвер го отфрли
овој анахрон момент со
поставувањето на „сината
мечка“ на Арџент. Едноставно,
таа внесува чувство на
забава и разиграност во
секојдневието на овој Центар,
а благодарение на своите
џиновски димензии, ова
дело прераснало во икона
на градот и атракција за
туристите и локалните
жители.

mecka2.jpg


Дејан БУЃЕВАЦ

Испрати коментар

Scroll To Top