Меморандум за разбирање за размена на релевантни податоци поврзани со потрошувачката на електрична енергија и потребната енергија за затоплување на јавните објекти потпишаа вчера УНДП и АД „Топлификација“.
Потписи на документот ставија заменик на постојаниот претставник на
УНДП во Македонија, Ан-Мари Али и претседателот на Извршниот одбор на
„Топлификација“, Димитар Хаџимишев. Меморандумот е дел од проектот на
УНДП за ублажување на климатските промени преку подобрување на
енергетската ефикасност во градежниот сектор. Овој проект финансиран од
Австриската развојна агенција (АДЦ) се реализира во соработка со
Министерството за животна средина и просторно планирање.