Насловна / Совети / Мала интервенција носи голема промена

Мала интервенција носи голема промена

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/soveti/penzionerka-prilep.jpgРешив да Ви пишам и замолам за совет. Мојот проблем е следниот: Сопругот и јас живееме во стан кој според наше мислење е некако несоодветен. Помалата соба, спалната, е свртена кон бучна улица додека поголемата, дневната соба, е свртена на север кон внатрешен двор. Дали постои можност од помалата спална соба да добиеме поголема која би ја користеле како дневна?

Цветанка Попоска пензионерка од Прилеп.

 

Вашиот проблем може да се реши со мала интервенција, односно уривање на преградниот ѕид од кујната и дел на ѕидот од спалната соба. Така ќе добиете еден голем отворен простор во кој ќе можете да организирате удобна дневна соба и трпезарија. Кујната се намалува и се затвора со шибер врата. Преуредениот дневен престој содржи гарнитура за седење, клубски масички, комоди, и има доволно простор и за трпезариска маса со столови. Јужната ориентација на просторијата овозможува при- јатна атмосфера, а терасата со зеленило може да создаде илузија на бавча во која ќе уживате пиејќи утринско кафе. Лево од влезот поставете голем плакар во кој ќе се смести гардеробата и најразлични предмети. Големината на спалната соба овозможува најразлични реше- нија. Конвенционално уредена таа содржи брачен лежај, две ноќни ормарчиња, гардеробен плакар и комода со фиоки. Ориентацијата кон внатрешниот двор ќе обезбеди потребен мир за ноќен одмор.

 

Билјана Стевковкса – Савиќ,
дипл. инж. арх.
[email protected]

 

Објавено во број 120

Испрати коментар

Scroll To Top