Kearns Disintegratio System(KDS) со седиште во Нова Скотија(Канада), нудат нова иновативна технологија која веќе го трасира патот по кој светот во иднина ќе се справува со отпадот. Компанијата тврди дека дава вистинско решение за светскиот отпад и енергетските кризи – систем кој врши термална дезинтеграција на отпадот. Новата технологија ги опфаќа сите видови отпад, без потреба од претходно сортирање: органски, медицински, градежен, големи парчиња отпад, индустриски, течен, од земјоделието, гуми, токсичен и опасен отпад, освен радиоактивен. Таа има способност да ја извлече влагата од отпадот и во процесот на негова дезинтеграција да генерира електрична енергија.
Дезинтеграцијата на отпадот се врши по пат на негово согорување и третирање на високи температури. Во првата фаза отпадот се согорува во примарната комора каде што отпадот се третира на температура од 800-1400 целзиусови степени, а потоа во секундарна комора се третира остатокот од согорувањето на температура од 800-1600 целзиусови степени за време од 4,2 секунди. Една постројка за преработка на 20 тона отпад на ден зафаќа површина од 12 до 18 метри.
Повеќе во број 126, Петок 12.03.2010 г.