Од минатата недела во Тетово започна пилот проектот со кој се ставија во функција јавните паркинзи на главните тетовски улици во центарот на градот. Овој месец паркирањето за тетовчани ќе биде бесплатно, а единствениот услов е регуларно паркирање и испраќање на СМС порака. Овие денови контролите се засилени и „пајак“ службата е на терен, па така видливи се и резултатите. Метежот во сообраќајот од пред само неколку дена сега изгледа како да е надминат и се чувствува редот во сообраќајот.
Дали оваа пракса ќе стане редовна во Тетово или пак градот ќе се врати на стандардните навики останува само да причекаме и да видиме.