И во Општина Чаир е отпочната акција за отстранување на терасите поставени без дозвола во Старата Скопска Чаршија. Дел од сопствениците сами ги отстраниле терасите за кои не поседувале дозвола.
Од општината најавуваат дека акцијата ќе продолжи да се реализира, а градоначалникот Ганиу им гарантира на граѓаните дека никој нема да биде поштеден и над законот, штп подразбира дека акцијата ќе продолжи и во другите делови на општината. . Рокот за реакција од страна на сопствениците е пет работни дена. По овој рок, инспекторите и полициските службеници ќе ги отстранат незаконски поставените тераси и за истите ќе бидат изречени соодветните казни.