Русија и САД ќе ја продолжат соработката во истражувањето на вселената и во наредните години, и покрај се поизразената политичка напнатост. Имено, руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави дека ќе се спроведуваат заеднички летови до Меѓународната вселенска станица (ISS), односно според новиот договор кој е постигнат до 2027 година.
Два лета со руски вселенски капсули „Сојуз“ до ISS, како и три лета со капсулите на SpaceX, Crew Dragon се планирани во текот на овој период од три години. Тоа ќе обезбеди континуитет и безбедност во работењето на ISS, велат од „Роскосмос“. Руската вселенска агенција истакнала дека нејзините космонаути ќе можат да останат на ISS подолго – осум до девет месеци, наместо досегашните шест.