Регионалните власти во Валенсија најавиле дека лицата кои туристички изнајмуваат сместување без валидна лиценца, ќе добијат казна до 600.000 евра, согласно новиотпредлог закон кој е направен по примерот на Барселона и други градови. Додека Валенсија не се одлучи за целосна забрана на краткорочното изнајмување, како што тоа го направила Барселона, ова е значаен чекор во борбата против прекумерниот туризам (overtourism).
Изнајмувачите, дури и оние кои користат апликации како AirBnB, мора да добијат лиценца од надлежна туристичка агенција. На добивањето на лиценца претходи процес на доставување на детална документација која вклучува и дел за безбедност и енергетска ефикасност. Последните податоци покажуваат дека над 10.000 недвижности во Валенсија краткорочно се изнајмуваат, од кои над 9.000 преку апликации како AirBnB.