Се работи за мегапроект кој би требало да биде реализиран на површина од 3.200 хектари, на 11 километри оддалеченост од градот Газиантеп, на југоистокот на Турција, недалеку од сириската граница. Планирано е во овој град да живеат околу 200 илјади луѓе. Посебно е интересен концептот за греење, кој се базира на биомаса од земјоделски отпад, односно од лушпи од ф’стаци.
Турција, според податоците на Организацијата на ОН за храна и земјоделство ФАО, е меѓу четирите најголеми извозници на ф’стаци во светот, заедно со Иран, САД и Сирија. Минатата година, Турција извезла 6.800 тони од овој производ, што ѝ донело приходи од 80 милиони долари.
Лушпите на ф’стаците имаат задоволителна топлинска моќ, и се проценува дека ќе биде солиден топлински извор за новиот град. Конечниот извештај за изводливост на овој проект ќе биде претставен пред градските влсти на Газиантеп идниот месец.