Конзорциумите на Трансјадранскиот гасовод и проектот за интерконекција на Грција и Бугарија, потпишаа спогодба за разбирање и соработка во развојот на гасната инфраструктура. Дел од оваа спогодба е можноста за поврзување на Бугарија со Трансјадранскиот гасовод, со што ќе се овозможи увоз на гас од Азербејџан.
На овој начин, според оценките на стручњаците, ќе се придонесе за диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, односно значително ќе се намали зависноста од рускиот гас. На овој начин Бугарија ќе ја зајакне енергетската сигурност.
Извор: UPI