Насловна / Вести / И Србија со мерки против старите дизел возила

И Србија со мерки против старите дизел возила

Согласно новиот правилник за технички преглед на возилата во Србија, техничкиот преглед ќе биде задолжителен два пати годишно за возила постари од 15 години. Во Србија околу 30% од возниот парк тпаѓа на возила со старост од над 15 години. Предвидено е при техничкиот преглед за овие возила да се плаќа и надоместок од 30 евра за Агенцијата за безбедност во сообраќајот. Во првиот квартал од оваа година, регистрирани се 14% повеќе патнички и лесни комерцијални возила во однос на истиот период лани, додека половни возила има 17% повеќе. Голем број на возила со мотори еuro3 се увезени оваа година, односно 17.000. Притоа бројот на возилата постари од 17 години е поголем од бројот на новите возила, што е алармантно. Српскиот министер за животна средина најавува мерки против овој тренд, односно примена на еколошки данок на увезените половни возила.

polovni

polovni1

Испрати коментар

Scroll To Top