Насловна / Архитектура / И саем не е Скопје, бизнис е

И саем не е Скопје, бизнис е

По приватизацијата на Скопски саем се случија многу превирања, палнови за реконструкција, инвестирање во Саемот, проекти на разноразни инвеститори, унгарски, словенечки. И како што најчесто бива со приватизациите и најави за „единствени до сега“ инвестиции се вртеа многу 3Д слики од проекти кои не се реализираа.

6
Во 2014 година, Гвидо Омладич, сопственикот на компанијата „Ера“ од Велење која беше сопственик на Скопски саем го продаде земјиштето откако „Ера“ мораше да оди на присилно порамнување. Предходно „Ера“ потпиша договор за изградба на трговски и забавен центар, деловни згради и хотел со Групата TriGranit. Но, по 12 години неуспешно заврши приказната. Изградбата на Era City требаше да чини 130 милиони евра. Арпад Торок, извршниот директор на компанијата TriGranit Development Corporation, тогаш ги истака успешните слични проекти во централна Европа и Арена центарот во Загреб. TriGranit исто така, требаше да биде вклучен во управувањето и организацијата на меѓународните саеми и изложби на Скопскиот саем. Но, набрзо по потпишувањето на договорот TriGranit се повлече од проектот бодејќи Омладич не ги плаќал своите обврски, па TriGranit поднел тужба против него.

7
Најавите слично на денешниве беа спектакуларни и се измени ДУП-от, се разбира. „Во моментот е при крај постапката за измената на деталниот урбанистички план во согласност со концептниот дизајн изработен од страна на компанијата „Три гранит“, потенцираше Kошутиќ, тогашен извршен директор на Скопски саем во февруари 2014 година. А портпаролот на општина Гази Баба, Емилија Kипровска, потврди дека предлог-деталниот план е во постапка и се чека позитивно мислење од Град Скопје. „Измените ќе бидат донесени по спроведувањето на законските регулативи. Опфатот на планот зафаќа површина од 23 хектари за комерцијални и за деловни намени“, изјави тогаш Kипровска.

1
И така Гвидо Омладич, сопственикот на Ера, објави продажба на земјишптето на Скопскиот саем. Сосема спротивно на оптимистичките најави од февруари 2014 година. Во меѓувреме секако дека стапи на сила ДУП за бизнис интереси, каде не се третирани саемските хали, кои претставуваат квалитетно архитектонско творештво. На нивно место инвеститорот може да изгради што сака, т.е. со закон му е дозволено и да ги сруши. Измената и дополна на ДУП на дел од источната индустриска зона блок „Скопски Саем“ изработен од бирото „Тектон“ е на сила од август 2015 година. Пред два месеца Група граѓани И САЕМ Е СКОПЈЕ достави отворено писмо упатено до премиерот Зоран Заев, градоначалниците Шилегов и Георгивски, како и до сопственикот на локацијата на Скопски саем. Во писмото меѓудругото во писмото се вели „Ви се обраќаме НИЕ, ГРАЃАНИТЕ на овој град, од сите професии и возрасти, претставници на архитектонската фела, членови на семејствата на проектантите на Саемскиот комплекс, пријатели на Скопје, поддржани од низа организации и компании. Сите обединети во крикот да се сочуваат саемските хали како еден од стожерните бранители на идентитетот на постземјотресно Скопје. Како непобитен дел од историјата на македонската архитектура и македонското стопанство“. На писмото до ден денес никој не одговори. А пред некој ден Компанијата Balfin Group од Албанија се пофали.
“Инвестиција во вредност од околу 350 милиони евра, 10 блокови на станбени комплекси и пет блокови за деловни цели, трговски центар со над 250 продавници со светски познати брендови и повеќе од 2.000 нови работни места. Ова е проектот Скопје East Gate (СКГ), кој Balfin Group презентиранираше минатиот петок во Македонија, како нивна визија за нов симбол на современо Скопје.

5
Balfin Group е реализатор на успешната приказна во Македонија Нептун – најголемата мрежа на електрични апарати за домаќинство.
Од компанијата сметаат дека „Скопје Источна Порта (SEG) ќе биде најголемата приватна инвестиција во приватна сопственост во Македонија која ќе создаде одлични деловни можности, гарантира вработување, ќе ја зајакне трговијата, ќе привлече светски фирми и ќе понуди една нов пристап кон живеење во градот “, рече Самир Мане, претседател на Balfin Group.
За овој проект, Balfin Group ќе инвестира околу 350 милиони евра, додека остатокот од оваа инвестиција ќе биде гарантирана преку финансирање на локални и меѓународни финансиски институции.
“Источната порта на Скопје е исклучително важен проект не само за Скопје, туку и за целата земја”, рече македонскиот премиер Зоран Заев, кој со своето присуство на настанот сведочеше за стратешката важност на Македонија за таквите инвестиции.

3
Скопје источната портата планирано е да се гради на површина од 143.000 квадратни метри, кои ќе бидат поставени 458.000 квадратни метри за изградба.
„Се наоѓа на само два километри од центарот на градот и во близина на главните патни артерии, проектот ќе вклучуваат трговски центар, домување како и деловни простори од висока класа. Сето ова се очекува да даде дополнителен импулс за тековната економска активност во Скопје“. додаваат од компанијата.
изградбата е поделена во три фази, а целиот проект се очекува да биде завршен во рок од пет до седум години.
Во првата фаза се предвидува изградба на трговски центар и четири станбени објекти. Трговскиот центар ќе има простор од 51.000 квадратни метри.

4
Предвидено е да има 1.600 станови, како и паркови, забавни области, два амфитеатра и зелен простор.
Во втората фаза ќе бидат завршени уште шест други станбени згради.
Додека третата и последна фаза ќе се реализира изградбата на пет блокови на згради со деловни простори, со вкупна површина од 67.000 квадратни метри.
Од Balfin Group велат дека според предвидувањата, се очекува дека Источната порта на Скопје ЗАМИСЛЕТЕ ќе ја посетат околу 12 милиони луѓе годишно!?
Проектот беше развиен од страна на едено од најголемите студија за архитектурата во Турција, „Yazgan Inc.“
Balfin Group велат дека се една од најголемите приватни инвестициски групи во регионот, чие портфолио вклучува инвестиции во трговски центри, изградба на станбени и деловни објекти како и продавниците на Neptun, Џамбо.
Останува да видиме што од наведеното е парада, а што стварно.

Испрати коментар

Scroll To Top