Германско – шпанскиот производител на ветероенергетска опрема Siemens Gamesa, ја обезбеди својата прва нарачка за Русија. Се работи за проектот на ветерна електрана Азовскаја со инсталирана моќност од 90 MW која ќе ја гради компанијата Enel Russia, односно руската подружница на италијанската енергетска компанија Enel. Но, истовремено, мора да се истакне дека се работи за само дел од поголем проект, за кој Siemens Gamesa и Enel уште во 2017 година имаат потпишано договор за испорака на опрема со моќност од 291 MW за две ветерни електрани. Новата ветерна електрана ќе се наоѓа на југот на Русија, ќе се состои од 26 ветерни генератори, и треба да биде пуштена во 2020 година.