Насловна / Вести / И покрај санкциите, ЕУ увезла рекордни количини на ТПГ од Русија

И покрај санкциите, ЕУ увезла рекордни количини на ТПГ од Русија

Европските купувачи во минатата година значително ги зголемиле набавките на руски течен природен гас (ТПГ), посебно од сибирската Jamal LNG, Ваквата ситуација покажува колку на Европа и е реално тешко да ги прекине врските со Русија, која во изминатата деценија се етаблираше како клучен снабдувач на континетот со горива и суровини. Русија планира да ги зголеми капацитетите за извоз на ТПГ, но и да го пренасочи извозот на гас преку алтернативни гасоводи до други купувачи како што е Кина.

Од минатогодишните 33 милиони тони ТПГ, Русија има намера тројно да го зголеми извозот на 100 милиони тони во 2035 година. Од друга страна, новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, сака да го зголеми извозот на американски ТПГ за Европа, така што амбициите на Вашингтон и Москва наскоро ќе се најдат во колизија и по ова прашање.

Испрати коментар

Scroll To Top