Олово, кадиум, бакар, цинк и манган се уште има во почвата во атарите на пробиштипските села Лезово и Бучиште. И по 20 години од двете хаварии од јаловиштето на рудникот Злетово во почвата има големо количество на овие тешки метали-покажуваат анализите на Здружението „Машински круг“ и штипскиот Универзитет. Стручните лица советуваат на почвата да се засади маслодајна репка за производство на биодизел гориво.
Земјоделците од овие две села долги години трпат штета од загаденоста на почвата, а некои експерти посочуваат на оваа состојба како причина за честата појава на карцином во овој регион.
Извор: Алфа ТВ