Според договорот турскиот инвеститор „Лимак“ има обврска да го изгради Јужен булевар под земја, додека приклучоците, односно кружните крстосници, треба да ги прави Град Скопје. Според речиси десетгодишните најави, треба да се градат три кружни крстосници, кај поранешна „Нова Македонија“ и два помеѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Свети Кирил и Методиј“, кои треба да бидат влезови во подземната сообраќајница.
Но, се уште подземната сообраќајница е без влез и излез. Сите градоначалници си ја префрлаат топката, а јавноста имаше можност да види само слики, но не и проект за кружните крстосници.
фото: КИРО ПОПОВ