Насловна / Вести / И ова е Скопје…,она Скопје кое умее да почитува

И ова е Скопје…,она Скопје кое умее да почитува

Поддршката што пред 55 години нашиот град ја доби од целиот свет, никогаш не смее дабиде заборавена. Вратена изјавата на тогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито која ја дал на 27 јули 1963 година. Ова е еден од начините да покажеме дека го сакаме нашиот град и умееме да се заблагодариме и почитуваме. Вчера вечер беше вратена пораката која стоеше на источниот ѕид на Музејот на Град Скопје од 1974 до 2001 година, а потоа отстранета од необјасниви причини.
Со откривањето на возобновената порака, Град Скопје ја почна четиридневната манифестација „Зборува Скопје“ во сеќавање на 55 години од катастрофалниот земјотрес.

IMG_20180723_113431

IMG_20180723_113617

IMG_20180723_213112

IMG_20180723_213232

IMG_20180723_213321

1

фото: КИРО ПОПОВ

Еден коментар

  1. Браво за реализаторите на враќањето на пораката што ТИТО ја даде после земјотресот и која се реализира. Ова е нормално и требаше да се направи но сега ме интересира кој се дрзна оригиналната порака да ја симне. Тоа мора да се истражи, апелирам до надлежните да поработат на тој случај. На крај предлагам споменикот со коњот да се преработи во споменик на СОЛИДАРНОСТА.

Испрати коментар

Scroll To Top