Љубителите на цвеќето имаа можност да купат цвеќиња, добијат корисни совети за цвеќе, да се забавуваат и да се дружат на отворено во рамките на шестиот Скопски цветен фестивал – „Скопје цвета“ што се одржа викендов во Градскиот парк. Фестивалот почна со цветно дефиле со деца од предучилишните установи и од основните училишта.
Во текот на двата фестивалски дена пред посетителите се промовираа одгледувањето цвеќе, а најмладите имаа можност да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќињата и за заштитата на животната средина.
фото: КИРО ПОПОВ