Насловна / Вести / И ова е Скопје… како изгледа „јавниот живот“ во угостителските објекти

И ова е Скопје… како изгледа „јавниот живот“ во угостителските објекти

Кафеаната на Балканот е незаобиколива општествена институција. Поради коронавирусот кафе-баровите, рестораните и кафеаните беа затворени од 14. март. Ова е најдолг период на неработење на угостителските објекти во нашата земја.

4H5A1165_resize

Од четвртокот угостителските објекти повторно служат гости според посебен владин протокол и ова е еден од клучните испити во нормализирањето на секојдневниот живот среде пандемијата на коронавирусот.

Угостителските објекти не работат на начин на кој сме навикнати, туку според посебен владин протокол. Работно време е од осум до 22 часот и на една маса можат да седат најмногу две лица, односно четири ако се од исто семејство. На споени маси се дозволени максимум 12 лица.

4H5A1252_resize

Растојанието меѓу масите мора да изнесува 1,5-2 метра во сите правци, за вработените е задолжително да носат заштитна маска, а локалите треба да почитуваат строги санитарно-хигиенски мерки и редовно да се дезинфицираат.

4H5A1214_resize

„Кафеаната е единствен израз на нашиот јавен живот“, велел Бранислав Нушиќ, писател, комедиограф, основач и директор на театарот во Скопје.

Како изгледа „јавниот живот“ во скопските угостителски објекти среде пандемија на вирусот.

4H5A1157_resize 4H5A1159_resize 4H5A1164_resize 4H5A1174_resize 4H5A1168_resize 4H5A1181_resize 4H5A1218_resize 4H5A1221_resize 4H5A1232_resize 4H5A1225_resize 4H5A1258_resize

Фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top