Вчера се отвори изложбата „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“. Изложбата содржи селекција од 24 скици и цртежи, изработени од авторот Борко Лазески кои послужиле како план за монументалната фреска Илинден 1903, чиј дом е хотелот Монтана во Крушево, коишто досега не се изложувани.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 30.11 2024 во Музејот на македонската борба за самостојност.
Фото: КИРО ПОПОВ