И ова е Скопје…
На улицата „Васил Ѓоргов“, наспроти ТЦ Зебра и педесет метри од градинката „Кочо Рацин“, се отвори градилиште за нов станбен блок. Ова е денешната слика од расчистувањето на теренот, а густата прашина ги обви околните згради и најмногу детската градинка. Згора на тоа, влезот на ова ново градилиште води директно преку пешачкиот премин…