Десетици години, генерации медицинари и пред се пациенти од Скопје и Македонија, па и пошироко, сонуваат за нов Клинички центар кој ќе ги подигне условите и услугите на многу повисоко ниво од ова сегашното.
И десетици години се водат расправи за избор на локација со основна дилема
– 1. Да се остане во просторот на сегашниот Клинички центар со сите ограничувања за развој, проблеми со инфраструктура и самата изведба во период од 5-7 год.
– 2. Нов Клинички центар на локација во реон Бардовци со дефиниран ДУП и одлични можности за изведба на содржини, кои покрај медицинските ќе ги задоволи и останатите услужни, комунални и бизнис услови.
– И додека ние се мачиме со избор на министер за здраство и се уште далеку од решението што со НКЦ, соседниот “ провинциски “ Ниш го изгради долгоочекуваниот нов современ Клинички центар.
Со пригодна свеченост по повод завршувањето на работите на комплексот на новиот Клиничкиот центар во Ниш, беше пуштена во употреба оваа најмодерна медицинска установа во Србија.
Градежните работи на новиот КЦ Ниш завршени се пред два месеци, по што е комплетно опремен со најмодерна опрема. Во објектот се вложени 50 милиона евра – околу 35 милиони за градежни работи и 15 милиона за купување на опремата. Кредитот за изградба на овој центар е обезбеден преку Европската Инвестициона банка.
Во објектот од 50.000 метри квадратни, изграден по моделот на „паметни згради”, по највисоки стандарди, опремен е еден од најголемите операциони блокови во Србија и на Балканот, со 16 најсовремени хируршки сали и три ангиосали, интензивна и полуинтензивн нега.
Во комплексот има и два ургентни центри, дневни болници и повеќе дијагностички центри, и модерен центар за трансплантација на органи.