И најстарата линија на виенската подземна железница U6, ќе стане 100% климатизирана. Имено, виенскиот градски превозник Wiener Linien, уште во минатата година за оваа линија подготвил пакет мерки кои опфаќаат и целосна климатизација. Така, климатизацијата веќе е имплементирана во сите возила, а за таа цел с евложени вкупно 4 милиони евра. Сега во сите вагони е овозможено греење и ладење, а застаклените површини се обложени со посебна фолија за рефлектирање на сончевото зрачење. Последново е посебно важно за линијата U6, бидејќи нејизната траса во најголем дел е надземна, на вијадукти.