Насловна / Вести / И куќите во Кина закана за озонската обвивка

И куќите во Кина закана за озонската обвивка

Организацијата за следење на загадувањето Environmental Investigation Agency (EIA) открила дека во Кина масовно се користи соединението CFC-11 односно фреон, иако нејзиното користење е целосно забрането уште во 2010 година. Ефтината изолација кај куќите во Кина преку користење на термоизолациони материјали кои се добиваат на база на фреон, би можела да биде една од причините за огромниот пораст на емисии на стакленички гасови кои ја уништуваат озонската обвивка. Пред два месеци научниците објавиле студија која покажува успорување на очекуваниот пад на користењето на CFC-11 по неговата забрана во 2010 година. Се утврдило дека во Кина и покрај забраната, тој и натаму масовно се користи.

Во студијата која во мај оваа година е објавена во часописот Nature, откриен е мистериозен пораст на емисиијата на хлорофлуоројаглероди (CFC односно фреони), а посебно на  CFC-11. Оваа мистерија, забранета со монтреалскиот протокол, се користи за производство на термоизолациска пена. Научниците заклучиле дека тоа се прави некаде во источна Азија. Извештајот покажува дека клучен сектор е кинеската градежна индустрија, поточно изолацијата на домови. CFC-11 во производството на термоилоцација се користи бидејќи е значително поефтин од останатите алтернативи. Иако и во Кина неговата потреба е официјално забранета, сепак во пракса ситуацијата е далеку од контрола.

UN Ozone Layer

ozon2

ozon4

 

Испрати коментар

Scroll To Top