Автомобилскиот производителот „Мицубиши Моторс“ призна дека во текот на 25 години од 1991 година ги фалсификува тестовите за потрошувачка на гориво при произведените модели.
Ова го соопшти компанијата за време на прес-конференција во Токио. На 20 април избувна скандалот со јапонската корпорација која ги заобиколувала правилата снижувајќи ја потрошувачката на гориво. Според првичните податоци, таа снижувала помеѓу 5 и 10%.
Досега десетици модели се дел од шемата, вклучувајќи го „Паџеро“ и малолитражната серија И-кеј.
Точната листа со сите засегнати автомобили сè уште не е позната. Според експертите, над два милиони автомобила се со неточна техничка документација. Корпорацијата може да почне да плаќа компензација на сите купувачи на овие автомобили, јавуваат медиумите.
Сумата ќе се пресметува врз основа на дополнително потрошен бензин во текот на годините на експлоатација.
Инаку, слично признание слушнавме и од „Волксваген“ изминатата година, кога компанијата призна дека мамела на тестовите за испуштање издувни гасови од моторите во Америка и Европа. Исто така, корејските „Хјундаи“ и „Киа“ се согласиле да платат 100 милиони долари казна во САД во 2014 поради погрешни проценки за економичноста на горивото во многу нивни возила.