Насловна / Вести / И Јапонија започна со тестирање на својот прв воз на водород

И Јапонија започна со тестирање на својот прв воз на водород

Најголемата јапонска железничка компанија East Japan Railway, од наредниот месец ќе започне со тест возењето на својот прв воз на водород, во рамките на настојувањата на оваа земја до 2050 година да стане јаглеродно неутрална. Развојот на возот Hybari чинел речиси 35 милиони американски долари, а може да мине растојание од 140 километри при максимална брзина од 100 km/h со едно полнење на резервоарот. Компанијата East Japan Railway, која го развивала возот во партерство со Toyotа и Hitachi, планира да ја замени својата дизел флота со локомотивите Hybari, и да ги понуди и на странските пазари. Комерцијалните услуги на новиот воз би требало да започнат во 2030 година.

hybari1

Владата во Токио, сериозно смета на водородот како гориво, не само во сообраќајот, и планира да ја зголеми потрошувачката на 20 милиони тони до 2050 година, а енергетските компании како што се  Iwatani Corp. и Kawasaki Heavy Industries, се обидуваат да изградат ефикасни ланци на снабдување со водород со цел да ја намалат неговата цена.

hybari2

Европа беше пионер со возовоте на водород, шри што Германија во 2018 година го воведе првиот таков воз на светот, произведен од страна на компанијата Alstom. Исто така, Siemens и Deutsche Bahn работат на развојот на нови регионални возови со погон на водород и специјални станици за гориво, чие тестирање е најавено да започне во 2024 година.

hybari3

Испрати коментар

Scroll To Top