Во Рим, во тек е гламурозна изложба која е посветена не само на развојот на самата камера – Leica, туку и на фотографиите направени со оваа, според познавачите, и натаму најдобрата камера во светот. Целта е да се покаже како фотографиите се развивале во текот на подолг временски период и како камерите на – Leica овозможувале да се формира една поинаква визија на светот.
Изложбата се состои од 16 секции по хронолошки редослед, почнувајќи од фотографии направени во vintage стил па се до фотографии создадени од модерната технологија. Изложбата се обидувајќи да покаже како Leica е сеуште важен дел од глобалната револуција и како гжзближува што е можно повеќе различни култури. За сите љубители на фотографијата, ова е врвно задоволство. Изложбата трае до 19 февруари.