Граѓаните на Бургас, четвртиот по големина град во Бугарија, кој воедно е и големо пристаниште на Црното Море, протестираат поради загадувањето на воздухот предизвикано од индустријата. Како главни загдувачи се посочуваат нафтената индустрија и фабриките за мебел. Имено, во Бургас се наоѓа најголемата бугарска рафинерија за нафта, „Нефтохим“, во сопственост на Likoil Bulgaria, бугарската подружница на руската нафтена компанија. Организаторите на протестот бараат од надлежните локални и национални тела построг надзор на квалитетот на воздухот, и тврдат дека постоечките мерни станици не ги мерат сите штетни честички и гасови во воздухот.
Бургас е четвърти по големина ,Варна и Пловдив са двойно по-големи от Бургас.
Благодаря! Променено веднага