Климатските промени се закануваат на иднината на европските ски центри, а новото истражување утврдило дека дури и машините за вештачки снег само делумно ќе може да го надоместат недостатокот од природен снег. Речиси половина од ски центрите се наоѓаат во зоната на висок ризик од недостиг на снег, доколку просечната глобална тепметарура порасне за два степена, се истакнува во истражувањето објавено во научното списание Nature Climate Change. Доколку до крајот на овој век, температурите пораснат за три степени, 91% од европските ски центри би биле изложени на ризик од премалку снег за зимските спортови.
Во Европа с енаоѓаат речиси половината од сите светски ски центри, а ова истражување опфатило 2.234 скијалишта во 28 европски земји. Според проекциите од истражувањето, Алпите би биле посебно погодени. Доколку се исполнат обврските од Парискиот договор за климата, односно глобалното затоплување би се ограничило на 1,5 степени, тогаш само 32% од ски центрите би биле изложени на ризик од недостаток на снег, се заклучува во извештајот.