Колку и да се голема инспирација за идните генерации архитекти, овие три куќи се и потсетник дека функцијата не смее по секоја цена да се подредува на револуционерната форма.
Урош Мартиновиќ (Цетиње, 1918 — Белград, 2004) е српски архитект, профсор на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград.
Во текот на својата богата кариера се занимавал со архитектонско и урбанистичко проектирање, истражувачка работа, теорија и историја на архитектурата и педагошка работа. Автор е на над педесет архитектонско-урбанистички проекти, од кои половина се реализирани. Добитник на 30-тина награди и откупи на конкурси. Носител е на највисоки јавни признанија и награди. Автор е на десетици стручни написи во списанија и весници во земјата и странство и пет книги.
Најзначајни проекти: Центар на месната заедница „Фонтана“ во Белград, Институт за изотопи во Белград, Биолошки институт во Белград, Станбена зграда на улица Иванковачка во Белград, Деловен блок Центар Палилула со облакодерот Инекс во Белград, Блок 30 во Нов Белград.
Најзначајни публикации: Светот на архитектурата, Модерна на Белград. Архитектура на Србија меѓу двете војни, (со Б. Стојановиќ), Белград 1945–75. Урбанизам. Архитектура, (коавтор) Цетиње – Споменици на архитектура, Фрагменти на едно видување на архитектурата.
Неговата публикација „Фрагменти на едно видување на архитектурата“ во однос на обемот и структурата, конципирана е повеќе како рефлексија на видувањето на современата архитектура. Книгата дава краток осврт на размислувањето на архитектот на темите архитектура, урбанизам и развојот на градовите, но и осврт на узорите и оние кои генерациски доаѓаат како помлади генерации на југословенската архитектонска сцена.
Во книгата има една интересна забелешка: „Со смртта на великаните на Модерната архитектура симболично заврши епохата на нејзиното владеење. Наместо тоа, живееме во интергенум на безвластие. Престолите на новите богови стојат празни“.
„Грешните“ великани на Модерната со големо М
Оваа белешка на професорот Мартиновиќ кажува многу. За почеток, тој Модерната ја наведува со големо „М“, како посебен стил во архитектурата, а не како модерност на која било нова епоха или уметнички правец, која ги наследува постоечките или веќе воспоставените стилови или правци.
Великаните за кои тој зборува се секако тројцата кои најмногу влијаеле врз обликувањето на Модерната, кои биле најголеми узори и на домашните архитекти, а кои се веќе починати кога била испечатена книгата (1983) – Френк Лојд Рајт, Мис ван дер Рое и Ле Корбизје.
Мартиновиќ смета дека по нив светската архитектонска сцена не подарила нови великани (што нешто подоцна ќе станат „стар архитектите“), па затоа ги споредува и со божества, наведувајќи дека новите богови сè уште не дошле да ги завземат празните престоли.
Меѓутоа, како што биле смртни, така овие луѓе биле и „грешни“, но не во морална смисла (не навлегува во нивниот приватен морал), туку во професионална, архитектонска, бидејќи на секој од нив му се случило да испроектира некоја зграда, која покрај врвниот естетски домет, има градежни или функционални недостатоци.
Некои од таквите своевидни гафови веќе го добија епитетот „урбани легенди“, но тоа не значи дека не се случиле. Некои се помалку, некои повеќе познати на јавноста, но корисно е да ги споменеме уште еднаш.
Френк Лојд Рајт: Кров што протекува
Иако архитектот Рајт не е типичен претставник на Интернационалната модерна, туку повеќе некој што ја најави оваа функционалистичка насока со своите прериски куќи, мора да погледнеме наназад на една бизарна епизода од неговиот живот.
Имено, во периодот од 1937 до 1939 година, Рајт проектирал семејна куќа за сопственикот на една моќна американска компанија, која го добила името Wingspread, или во превод „раширени крилја“. Името го добила по обликот на основата.
Куќата е проектирана како луксузен семеен дом, па инвеститорот, кој бил и приватно другар со архитектот, не можел да замисли дека ќе му се случи некаков проблем. Еден ден, додека надвор беснеел дожд, сопственикот и неговото семејство се собрале во трпезаријата за да вечераат.
Одеднаш, за време на вечерата, сопственикот почувствувал како капе вода на неговата глава. Го подигнал погледот и заклучи дека тоа доаѓа од високиот плафон, т.е. дека кровот некаде прокиснува. Иако не станува збор за рамен кров, што на модерната архитектура и архитекти им создаде најмногу проблеми, вакви работи не смееле да се случат.
Сопственикот му се јавил на Рајт и се пожалил дека набргу по завршувањето на изградбата на куќата доживеал кровот да протекува и да му капе вода директно на глава. На што Рајт со остар глас одговори: „Па, Хибе, зошто едноставно не го поместиш столот?“.
Овој одговор го запрепастил сопственикот… Што се случи потоа со дефектот, не знаеме, но самата реакција на авторот на куќата била несоодветна.
Еден од инженерите, кој работел на реставрации на куќите на Рајт (нив 22), дошол до заклучок дека архитектот имал чести проблеми со протекување, дека фундирањето на неколку куќи било проблематично и дека статичките решенија за некои куќи, како што е легендарната Куќа на водопадите, биле толку лоши, што ја доведувале во прашање одржливоста и долговечноста на самите објекти.
Сето ова, се разбира, не му пречело на Рајт, бидејќи тој често ја подредувал функционалноста на естетиката.
Лудвиг Мис ван дер Рое: Високи сметки за греење
Архитектот Мис го направи најголемиот пробив на полето на Модерната со воведување широки стаклени полиња, наместо полни ѕидови, а на врвот на својата кариера осмислил стаклена ѕид – завеса кој послужи како клучен елемент во проектирањето современи деловни згради.
Меѓутоа, не било се така совршено. По Втората светска војна, архитектот живеел во САД и проектирал многу станбени и деловни објекти, но во 1951 година завршен е објект која засекогаш ќе го промени текот на развојот на архитектурата – куќата Farnsworth.
Оваа куќа стана една од иконите на Модерната, а влијаеше на слични дела на архитекти кои создаваа повеќе децении по нејзината изградба. Се состои исклучиво од носечка армирано-бетонска конструкција, додека наместо ѕидови има стаклени површини.
Единствениот простор што е проектиран со прегради е бањата, додека единствената визуелна бариера од светлината и погледот се завесите. На почетокот ова било навистина генијално решен објект, но набрзо следеле проблеми.
Иако куќата била замислена како викендица во природа, разни луѓе почнале да шетаат низ нејзината околина, желни да видат две работи – како изгледа таа феноменална зграда и што се случува со луѓето кои живеат во неа (што прават, како се облечени итн.).
Друг проблем бил целосната енергетска неефикасност, бидејќи сопственичката секоја есен и зима морала да троши мало богатство за да ја загрее куќата. Ако куќата била изградена на Флорида или Калифорнија на пример, можеби тој проблем ќе бил намален, но вака тоа било непоправлива грешка. Следела тужба од сопственикот, како и пресметки преку медиумите.
Кованицата на Мис – Помалку е повеќе – не може секогаш да се примени. Сепак, денешните технологии можат да ја ублажат топлинската одржливост на вакви објекти, но повторно не ако тие се изградат во северните, туку исклучиво во крајбрежни области. Уште еднаш, функционалноста била подредена на естетиката.
Ле Корбизје: Куќа несоодветна за живеење
Кога во 1931 година е изградена вилата Savoye, нејзиниот архитект Ле Корбизје (коавтор архитектот Пјер Жанаре) не ни помислувал дека оваа зграда ќе биде една од петте објекти кои ќе ги инспирираат речиси сите идни генерации архитекти на полето проектирање семејни модерни вили.
Можеби уште помалку можел да претпостави дека истата вила ќе биде апсолутен промашај за семејството кое го нарачало проектот. Замислена како најсовремена семејна куќа, со отворен план, рамен кров, осветлена од сонце, со лентовидни прозорци, подигната на столбови, за да може просторот да се користи за паркирање, буквално била една од неколкуте згради. што ја „создадоа“ архитектурата од крајот на 20 и почетокот на 21 век.
Но, архитектот не водел сметка за некои „детали“, бидејќи, како и претходните богови, функцијата ја подредил на формата. Се разбира, тоа било опасно во тој момент, бидејќи индустријата за градежни материјали не можела да ги следи идеите на меѓувоените модернисти, но ако тие немаа храброст и покрај сите прпреки и недостатоци, да ги реализираат своите решенија, архитектурата што ја гледаме денес можеби никогаш немаше да ја имаме.
Кога вилата била завршена, сопствениците веднаш пронашле повеќе маани и на почетокот не сакале ниту да се вселат, т.е. престанале да ја посетуваат.
Г-ѓа Савој во неколку наврати му пишувала на Корбизје, наведувајќи константни проблеми – рамниот кров протекувал на неколку места, пукнатини се појавиле на носечките елементи (архитектот беил предупреден од изведувачот дека тоа сигурно ќе се случи), кровните прозорци биле многу непријатни да се борави под нив – за време на сончеви денови поради жештините, а за време на дождливите денови поради бучава и протекување вода.
Куќата никогаш не можела целосно да се загрее, најмногу поради отворениот план, па топлината се расфрлала низ целиот простор, а влагата и мирисот на мувла биле неподносливи. Вилата била напуштена и во неа никој не живеел неколку децении, а да не беше статусот на заштитен културно-историски објект и вложувањето на државата во целосна реставрација, куќата целосно ќе пропаднеше.
Пред дефинитивно да го напушти објектот, г-ѓа Савој му напишала писмо на Корбизје: „По безброј барања, конечно прифативте дека куќата што ја проектиравте во 1929 година е несоодветна за живеење“.
Голем удар за авторот кој ги дефинираше куќите како машини за живеење, што се покажа погубно за оние на кои им беа наменети овие машини. Колку што сите овие куќи се инспирација за идните генерации архитекти, толку се и предупредување дека функцијата не смее по секоја цена да се подредува на револуционерната форма.