Насловна / Вести / Hyundai започна да развива лунарен истражувачки ровер

Hyundai започна да развива лунарен истражувачки ровер

Hyundai Motor Group (HMG) работи на важен проект, а тоа е ровер наменет за користење на Месечината. HMG соопшти дека го започува развој на лунарен истражувачки ровер, кој би требало да резултира во првиот модел до половината на 2024 година, односно финална верзија подготвена за лансирање до 2027 година.

rover1

Користејќи ги компонентите од своите производители на автомобили Hyundai и Kiа, компанијата ќе се обиде да направи значаен исчекор во оваа област. Горниот дел на роверот ќе го носи „научниот товар“, односно ќе биде одговорен за ископување и истражување. Роверот исто така ќе има можност за управување со топлина и заштита од зрачење, со цел да „преживее“ во суровото опкружување на Месечината. Групата се надева дека еден ден ќе го спушти својот ровер во близина на јужниот пол на Месечината, со цел да ги направи планираните експерименти. Ќе има соларен погон, како и можност за автономно управување, а ќе биде тежок околу 70kg.

rover2

Но, пред роверот да стигне на Месечината, HGM ќе направи детални тестирања на перформансите базирани на мисијата, и тоа во опкружување слично на лунарната површина. Целта е да се развие сестрана подвижна платформа која ќе може да носи различен товар и да извршува научни задачи. HMG не е сама во овој потфат, туку соработува со јужнокорејските истражувачки институти и различни организации. Во сопственост на Hyundai е и компанијата  Boston Dynamics која се занимава со роботика.

 

Испрати коментар

Scroll To Top