Насловна / Вести / Hyperloop: Револуција во патувањата, како што некогаш направија авионите

Hyperloop: Револуција во патувањата, како што некогаш направија авионите

Во пустината северно од Лас Вегас, се протега метална цевка која еден ден би можела да донесе револуција во патувањата. Се работи за DevlLoop на тест полигонот на кој во ноември 2020 година за прв пат е реализиран и превоз на луѓе.

hyperloop1

Компанијата Virgin Hyperloop, меѓу чии партнери е и Virgin Group на Richard Branson, развива технологија за патнички капсули кои би се движеле со брзини и до 1200 km/h, низ тунели со висок процент на вакуум, користејќи го принципот на магнетна левитација. Пред половина година, честа да бидат првите патници на Hyperloop им припаднала на Josh Giegel, шефот за технолошки развој на компанијата, и Sarа Luchian, директорка на одделот кој се занимава со искуствата од патувањата. Тие се возеле во капсулата XP-2, која служи за тестирања пред комерцијалната употреба.

hyperloop4

 

Капсулите ќе примаат 28 луѓе и ќе можат да бидат прилагодени за долги и кратки растојанија, како и за превоз на товар. Giegel прогнозира почеток на комерцијалната употреба најрано во 2027 година. “Тоа би моѓел да биде прв начин на превоз после 100 години, кој ќе донесе револуција во патувањето, како што тоа своевремено се случувало со појавата на автомобилот, возот и во најблиското минато авионот“, рекол Giegel.

Идејата за „вакуумски воз“ датира од почетокот на 1900 година, и е заслуга на научникот Robert Goddard. Франција с еобидувала да го разработи овој концепт во текот на 60-тите и 70-тите години од минатиот век, но без сериозен успех. Интересот за оваа технологија повторно го поттикна Илон Маск во 2013.  Дури и Gieleg во тој период работел за компанијата на Маск, SpaceX.

hyperloop2

hyperloop3

Virgin Hyperloop планира да изгради мрежа на тунели со кои би се поврзале најголемите светски градови. Прво планира да развие патнички линии во Индија, чиј транспортен систем е екстремно оптоварен, а потоа во Саудиска Арабија каде недостасува инфраструктура. На крајот од летово, капсулата Virgin HyperLoop ќе биде изложена во  Smithsonian, во склоп на изложбата FUTURES во Вашингтон.

Испрати коментар

Scroll To Top